Едисон Кавани по примерот на неколку фудбалери на ПСЖ го напушти Париз и се врати во својот роден град Салто.
Со оглед на ситуацијата со коронавирусот постои голема шанса, тој да не заигра ниту еден меч за францускиот првак, неговиот договор истекува ова лето.
Според медиумите во Уругвај, Кавани веќе донел одлука околу неговата иднина, ќе игра за Бока Јуниорс, па заедно со Карлос Тевез ќе бидат „пеколен“ тандем.
Во Европа дојде во 2007 година во редовите на Палермо, во меѓувреме стана член на Наполи, а по повеќе од десет години играње одлучи да го напушти Стариот континент.