Опозицискиот сојуз на партиите од центарот Сино и бело има тесно мнозинство во новоизбраниот парламент и смета дека тоа тело мора да продолжи да функционира во кризно време за да се обезбеди контрола врз владата. Сојузот ги обвинува преодната влада и Нетанјаху дека воведува недемократски мерки и ги користи како покритие за да остане не власта.
Нетанаху веќе успеа да му се одложи судењето заради обвинувањата за корупција закажано за 17 март, и одобри електронско надгледување на израелските граѓани , што е потег без преседан.
И покрај загриженоста од заразата Израелците излегоа на улиците да протестираат против нападот врз демократијата.
Очекувањата се дека Сино и бело, на Бени Ганц, ќе успее да избере нов претседател на парламентот и парламентарното мнозинство ќе го искористи за донесување закони со кои ќе се спречи Нетанјаху во иднина повторно да биде премиер.