Од Италија секојдневно ни пристигнуваат лоши вести и стравични фотографии.Најпогодената земја моментално се бори против коронавирусот.Лекарите се вистински херои и деноноќно неуморно работат за здравјето на цела нација.Медицинските лица скоро и да немаат одмор,работат од утро до мрак.
Еден од многуте медицински херои е доктор Никола Сгарби од Италија кој несвесно станал дел од растечкиот тренд на фотографии од здравствените работници кои се соочуваат со значителниот раст на болни пациенти.