Поради вонредната состојба што ја зафати нашата земја Советот на Општина Студеничани на вонредна седница донесе решение да го донира амбулантното возило со најсовремена технологија на Министерството за здравство.
– Возилото за е опремено со најсовремена опрема и технологија потребна за давање итна медицинска помош особено за актуелната алармантна ситуација за коронавирусот. Амбулантното возилото ќе биде доставено до Центарот за јавно здравје – Скопје, се вели во соопштението од Општина Студеничани.
Од Општината велат дека работата на медицинскиот персонал во оваа тешка состојба ќе биде малку олеснета, но во исто време ќе овозможи побрзи медицински услуги особено за оние пациенти кои имаат најмногу потреба во овие тешки моменти.