Државниот секретар во српското Министерство за заштита на животната средина, Бранислав Блажиќ, е заболен од коронавирус, објави „Б92“.
Министерот Горан Триван ја потврдил информацијата и рекол дека Блажиќ е сместен на Инфективната клиника во Белград.
„Се лекува на Инфективната клиника и се наоѓа во стабилна состојба“, рекол Триван.
„Б92“ објави дека Блажиќ е од Кикинда, град кој е еден од жариштата на епидемијата на коронавирус во Србија.
Вработените од Министерството, кои имале контакт со заболениот, се во изолација, а министерот немал контакт со Блажиќ и со сите други со кои секретарот контактирал лично.
Во Србија 303 лица се заразени со коронавирус