Сасоли: Одлуката за преговори со Албанија и Северна Македонија се добри вести во тешки времиња

– Одлуката на министрите за европски прашања за почеток на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија, претставуваат добри вести во овие тешки времиња, оцени претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

– Некои добри вести во тешки времиња: министрите за ЕУ прашања рекоа ОК за пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија. Лидерите треба да го потврдат тоа. Европскиот парламент отсекогаш ја поддржуваше европската иднина на Западниот Балкан. Ни требаат силни врски со соседите, сега повеќе од кога и да било досега, објави Сасоли на својот налог на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави