Сега е вистинскиот момент да си помогнеме самите себе си, купувајќи македонски производи

Интегрален текст од видео обраќање на Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Македонските компании се најдирекно изложени на штетните последици од пандемијата со корона вирусот. Извозот за нашите компании е речиси сопрен, на дневна основа губат милиони евра. Светот економски се затвори, се затвораат границите и транспортните коридори. Сега е вистинскиот момент да си помогнеме самите себе си, купувајќи македонски производи. Во нашите маркети и продавници ќе најдете речиси се што е потребно од храна и пијалоци, средства за хигиена и козметика, и многу други производи создадени од наши компании. Од вредните раце на нашите работници.

Изборот нека падне на нашите производи, бидејќи економијата е таa која бара помош. Со купување на македонски производи, произведени од македонски компании, вие го продолжувате работењето на компаниите, ја помагате економијата, вие помагате работниците да не заминат дома со празни раце.

Со купување на македонски производи, обезбедувате егзистениција.

Купувањето на македонски производи денес значи љубов кон Македонија.

Затоа што ја сакаме Македонија, купувајте македонско.

Треба да знаете
Последни објави