Словачката претседателка го дополни својот моден изглед со маска

Словачката претседателката Зузана Чапутова ги назначи новите членови на владата во палатата Грасалкович во Братислава по парламентарните избори што се одржаа на почетокот на март.

https://www.instagram.com/p/B9_9KXdHe0M/

Зузана Чапутова со новите членови на владата ги поздрави насобраните фоторепортери пред претседателската резиденција, привлекувајќи го вниманието со својата модна комбинација во потемна нијанса на фуксија.

46-годишната словачка претседателка носеше фустан кој го комбинираше со чевли во иста боја и кафеави ракавици. За разлика од новоизбраните членови на владата кои придржувајќи се кон мерките за претпазливост носеа класични медицински маски, таа се одлучи за помодерен модел на маска во иста боја како и фустанот.

Модниот стил и изглед на Чапутова многумина го споредуваат со оној на поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Треба да знаете
Последни објави