63 македонски граѓани во карантин по враќањето од Црна Гора

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

„Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави