КСОМ против предлогот за намалување на платите на вработените

Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) не го прифаќа предлогот за минимална плата за вработените и сметаат дека во моментот тоа е контрапродуктивно. Се надеваат дека Владата нема да го усвои ваквиот предлог и нема да има намалување на платите.

Велат подготвени се да преговараат и бараат да има синдикални претставници при носењето на вакви мерки.

– Како работници сме подготвени да сносиме одговорност во оваа ситуација, но кога е криза сите треба да бидеме рамноправни, а не да се носат мерки на грбот на работниците, изјави претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.

КСОМ предлага и бизнисмените кои имаат големи приходи, да донираат дел од средствата бидејќи, како што посочија, има 250 директори кои земаат плата од 10 илјади евра.

Од Независниот синдикат на затворската полиција и Независниот синдикат за судската полиција бараат целиот безбедносен сектор да биде изземен од антикризните мерки. Побарале средба кај министерската за правда Рената Дескоска, а доколку таа не ги прими во разумен рок, тогаш за петок најавуваат протест кој, како што велат, ќе биде организиран согласно вонредните мерки.

Треба да знаете
Последни објави