Мицкоски: Владата наместо да крати од работниците, нека ги подмири 50% од бруто трошоците за секој вработен и нека ги замрзне кредитите

Во денешното интервју за МТВ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше за мерките кои Владата треба да ги примени со цел подобрување на економската ситуација во државата.

„Една од мерките е до 50% од бруто трошоците да ги подмири Владата, тука спаѓаат нето платите и сите дополнителни придонеси. Потоа да се замрзне главнината и каматата кај банките, односно заемо давателите“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не е коректно да се кратат средства од администрацијата и од обичните работници, бидејќи најголемиот дел од товарот треба да го понесат тие кои тоа го можат, а не оние кои егзистираат со просечна македонска плата.

„Доколку се намалат редовните примања на администрацијата и се сумата се сведе на 14,500 денари, тоа значи дека ќе опадне трговијата, бидејќи луѓето ќе немаат средства за снабдување и обезбедување на секојдневни потреби од секојдневниот живот. Тогаш кризата ќе ја почувствуваат и најмалите маркети кои служат за прехрамбени производи”, вели Мицкоски.

Имено, Мицкоски потенцираше дека како партија уште пред неколку седмици на своите прес конференции укажале на тоа дека доколку позајмиците од странските банки не се земат во вистинско време ќе пораснат каматите, а за тоа некој ќе треба да сноси одговорност бидејќи се работи за огромни суми.

„Ние денеска имаме три години влада и министер којшто наместо да излезе и да каже дека имаме проблеми во системот заради тоа и тоа, ни треба помош, овие Протоколи ги разгледав дајте на овие луѓе да им помогнеме, тој по пет саати дневно прави прес конференции коишто сите медиуми во Македонија ги пренесуваат, не е тоа чесна намера, посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека од една страна власта троши 8 милиони денари за 4 дена за репрезентации и патувања во странство, а од друга страна вели дека ќе ги покрива аранжманите на туристичките агенции и ќе ги кратат платите на администрација, тоа не личи на ништо.

 

Треба да знаете
Последни објави