Словачка ќе донесе закон за употреба на личните податоци

Словачката Влада ќе одобри закон, со кој ќе им се дозволи на државните институции да ги користат базите на податоци на телекомуникациските оператори и да ги надгледуваат граѓаните дали се придржуваат на изолацијата за време на епидемијата со новиот коронавирус, најави денеска премиерот Игор Матович.

Тој додаде дека словачката Влада денеска ќе ја разгледува мерката пред Парламентот да ја усвои со  итна постапка.

Во Словачка досега вкупно се регистрирани 204 лица инфицирани со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави