Неидентификувани напаѓачи денеска убија 25 луѓе во верски комплекс на сиките во Кабул, соопшти авганистанската полиција.
– Вооружените напаѓачи држеа околу 150 припадници на заедницата сики како заложници откако го нападнаа нивниот храм во Кабул. Поголемиот број од заложниците беа жени и деца кои се собраа на молитва, изјави пратеникот сик, Нарендер Синг Калса.
Тој додаде дека во нападот убиени се 25 лица, осум се повредени, а 80 се спасени.
Неколку часа подоцна портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Тарик Ариан објави дека сите напаѓачи се убиени.