Македонската православна црква – Охридска архиепископија се оградува од изјавата на свештениците од Повардарската епархија во која тие ги поттикнуваат верниците да доаѓаат во црквите, што е спротивно на препораките на здравствените власти кои порачуваат граѓаните да останат дома за да се спречи опасноста од ширење на коронавирусот, објави „360Степени“.
Свештеници качени на камиони, опремени со разглас од кој се пушташе црковна музика претпладнево со света вода ги попрскуваа улиците во Велес, Неготино, Кавадарци, Гевгелија.
-Една работа е да се прскаат улиците со света вода, а друга работа е да се почитува ред и поредок, како што беше кажано – да се држи дистанца, да се одржува хигиена, сето она што е препорачано од стручните служби во државата и не само кај нас, туку во целиот свет, изјави портпаролот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј за „360степени“.
https://www.facebook.com/povardarskaeparhija/videos/886548715120542/?t=0