Возрасните Белгијци, заразени со коронавирус, нема да се примаат в болница

Возрасните луѓе во Белгија, сместени во домови за старци, кои се со лошо здравје нема да бидат примени в болница доколку се заразени со Ковид-19. Ова е објавено од локалните медиуми, повикувајќи се на локалното Здружение на геронтолози.

Се прецизира дека ваквиот пристап се однесува на возрасните, кои, без ново заболување, се очекува да починат до крајот на годината поради деменција или други постојани здравствени проблеми. Тие одлуки ќе бидат во согласност со семејствата на старите лица.

Според белгиските власти, дури и да бидат примени в болница со Ковид-19, возрасните луѓе со нарушено здравје би добиле иста грижа за опстанок во живот, каква што имаат во домовите за нега на стари лица. Цитирани се лекари кои забележуваат потреба да се прифати дека животот има крај и понекогаш добрата нега означува тој да не биде продолжен. Се појаснува дека таквиот пристап им дава поголема флексибилност на болниците во епидемиски услови и им обезбедува дополнителна заштита за лекарите.

Треба да знаете
Последни објави