ДУИ: Граѓаните се најзаслужни за отворањето на преговорите со ЕУ

Демократската унија за интеграција упати честитка до сите граѓани за отворањето на преговорите за членство во Европската Унија.

„Со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружи нормативниот дел од Охридскиот договор, а со преспанскиот и договорот за добрососедство, како и со донесувањето на реформските закони, се заокружи процесот на членството во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија“, велат од партијата на Али Ахмети, од каде што констатираат дека ваквите политики секогаш биле во фокусот на нивните заложби.

Од ДУИ додаваат дека во овие кризни моменти најголема наклонетост кон европските вредности граѓаните може да покажат преку почитување на мерките за заштита од коронавирусот и препораките од институциите.

Треба да знаете
Последни објави