Здравствените власти тврдат дека Германија е уште на почетокот на епидемијата

Лотар Вилер, шефот на германската агенција за контрола и спречување болести, вели дека Германија е само на почетокот на епидемијата. Тој истакна дека малиот број смртни случаи во однос на бројот на заразени е добар знак, но предупреди дека тој број ќе расте.

Во Германија се заразени повеќе од 34.000 луѓе, а досега умреле 172. Закрепнале 3.532 лица.

 

„Бројките сигурно ќе се зголемат. Што се однесува до ниската стапка на смртност, не знаеме точно зошто е таков случајот, но има неколку фактори. Направивме широко тестирање низ Германија и откривме многу луѓе со блага форма на коронавирус. Покрај тоа, немаме огромен број постари луѓе кои се заразени“, истакна Вилер.

Утринските податоци покажуваат дека ширум светот се потврдени 422.959 случаи на инфекција со коронавирус, 18.907 лица починале, а се 109.144.

 

Треба да знаете
Последни објави