Изгоре ТВ канал Вис

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС.

Од телевизијата пренесуваат дека во пожарот зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата.

Противпожарната екипа е се уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот. Увидна екипа на полицијата треба да дојде во текот на денот откако ќе се изгасне пожарот. Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета.

Повеќе фото на ТВ Вис.

Фото: ТВ канал ВИС

Треба да знаете
Последни објави