Њу Делхи го забрани извозот на хидроксихлорокин, анти-малариски лек за кој се верува дека е ефикасен во лекувањето на коронавирусот, пренесува РТ.
Налогот до индиските компании без одложување да го запрат извозот на лекот и неговите компоненти дојде од индиското Министерство за трговија и индустрија доцна синоќа.
Забраната за извоз се чини дека е одговор на зголемената побарувачка на национално и на глобално ниво откако беше укажано дека може да бидат ефективни во борбата против Ковид-19 иако доказите за тоа се далеку од конечни.
„Извозот на хидроксихлорокин и формулациите направени од хидроксихлорокин е забранет со важност од истиот момент“, велат од Министерството.
Додека извозот на лекот е стопиран без да се знае до кога, зделките што веќе беа во тек кога беше објавено известувањето ќе може да продолжат. Втор исклучок е направен за хуманитарни пратки, кои, сепак, се предмет на одобрување од страна на индиското Министерство за надворешни работи и ќе бидат одобрувни од случај до случај.
Индија, која досега успеа да ја контролира епидемијата со само 519 потврдени случаи наспроти неверојатните 55.225 во САД, ги прифати новооткриените својства на лековите. Индискиот совет за медицински истражувања (ИЦМР) препорача да се препишуваат како превентивни лекови за оние кои доаѓаат во контакт со пациенти со коронавирус.