Нов вирус во Кина, се пренесува од глодари

Телото на маж кој се струполил и починал во автобус во Кина, во провинцијата Јухан, итно е тестирано на коронавирус, но анализата покажала дека тој бил позитивен на сосема друг вирус. Експертите објасниле дека тој не е поврзан со ковид-19, но оти имаат слични симптоми.

Кинеските медиуми пренесуваат дека засега неидентификуваниот маж е позитивен на „ханта“ вирус и оти останатите 32 патници биле веднаш изолирани и тестирани, но не наведува други детали.

Хештегот #хантавирус од понеделникот почнува да се појавува во скоро сите трендинг листи на интернет, но експертите веднаш реагираа со соопштенија во кои се наведува дека не станува збор за никаков нов вирус, туку за одамна позната болест која само во исклучително ретки случаи се пренесува помеѓу луѓето.

„Хантавирусот првпат се појави во педесеттите години на 20. век, за време на американско-корејската војна, во регионот Ханта. На луѓето се пренесува исклучително преку глувци и стаорци и тоа во случај кога човекот во својот организам ќе внесе од телесните течности на заболен глодар. Пренесување од човек на човек е мошне редок случај“, пренесува на твитер шведската докторка на науки, Сумаја Шаик и порача: „Ве молам да не паничите, освен ако не планирате да јадете стаорци!“

 

Треба да знаете
Последни објави