– Крилото на Севиља, Нолито раскажува како оди неговиот секојдневен живот, во затворен простор.
– Признавам дека сопругата ми купи цел камион тоалетна хартија. Дома, тренирам неколку часа на ден, следејќи ги упатствата на тренерите, за да не изгубам форма. Важно е да бидеме во совршена форма кога повторно ќе играме, рече тој за „Марка”.
Има многу работи што треба да се направат по дома, според него.
– Имаме три деца кои постојано се шегуваат. Сега гледам серии на „Нетфликс”,но ми остануваат уште многу филмови, рече тој.
Нолито додаде дека му недостасува нормален живот со семејството, како и тренинзи со соиграчите и натпревари.