– Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска ги повика христијаните во целиот свет заедно да се молат за болните од Ковид-19 и медицинските работници кои се грижат за нив.
На молитвата во Ватикан, папата побара милост Божја во време на пандемијата на коронавирусот.
Молитвата се одржа на 25-годишнината од историски документ во кој Ватикан ја потврди неприкосновеноста на човечкиот живот од зачнување до природна смрт, јавија светските медиуми. Документот се смета за силна потврда на црковното учење кое е против абортус и еутаназија.
Папата рече дека е потребно тоа учење да биде „повторно покренато во контекст на пандемијата која му се заканува на човечкиот живот и глобалната економија”.