Том Холанд, актерот кој глуми „Спајдермен“ во истоимената франшиза на филмскиот универзум Марвел, на својот Инстаграм се пожали дека во супермаркетите нема јајца среде пандемијата на коронавирус.
Поради тоа, 23-годишниот актер решил да чува неколку пилиња за да станат „извор на јајца“.
„Со сè што се случува, рафтовите се празни. Нема јајца. Ние треба да го решиме тој проблем, ќе станеме изворот на јајца. Сега, ние сме сопственици на кокошки”, вели тој во видеото додека под раката држи кокошка.
Неговата идеја за јајца ги заголица корисниците на социјалните медиуми кои не можеа да престанат да коментираат за неговата живина и за имињата на некои од пилињата – Предатор, Ренџер и Честнат.
„Том Холанд е единствената селебрити-личност чиешто искуство во карантин е корисно затоа што тој посвои живо пиле, и го нарече предатор, ова е добар пример за сите нас “ стои во коментарите на нетџиите.