Обвинителството на Истанбул објави дека е подготвено обвинение за 20 осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, меѓу кои и поранешен заменик-разузнавач на Саудиска Арабија и поранешен советник на кралското семејство.
Убиството врз Хашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година предизвика бројни реакции во светот и му наштети на угледот на крунскиот принц Мохамед бин Салман.
Некои западни влади, како и ЦИА, веруваат дека убиството го нарачал сегашниот принц, но саудиските власти го отфрлаат тоа.
Обвинителството во Истанбул соопшти дека обвинението го вклучува поранешниот заменик-генерален разузнавач на Саудиска Арабија, Ахмед ал Асири, и поранешниот советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, Сауда ал-Кахтаниј. Тие се обвинети за „поттикнување убиство со предумисла со монструозна намера“.
На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.
Тој беше познат критичар на саудиската власт.