Црногорски дипломат во Брисел е заразен со коронавирус, соопшти денеска црногорското Министерство за надворешни работи.
„Точно е дека еден од нашите дипломати во Брисел е тестиран вчераутро и е позитивен на вирусот. Белгиските лекари откриле дека има поблаги симптоми и дека се чувствува релативно добро. Му било одредено домашно лекување и 14 дена самоизолација. Другите вработени, превентивно, исто така се во самоизолација“, соопштиле црогорските власти за тамошните медиуми.