Претседателот Заев посочи дека очекувањата за наплатата на приходите се помеѓу 30 и 40%, а тоа значи дека околу 60% ќе недостасуваат и не можат да се наплатат, со оглед на тоа дека луѓето се дома, потрошувачката е намалена, угостителството не функционира, фабриките делумно работат. А 60% се 2 милијарди 200 милиони евра. Барањата по основ на кредитеи ни се околу 1 милијарда и 200 милиони, а досега понудени се само 600 милиони евра.
Во однос на тоа дали државата доцни со барањето на помош, Заев посочи дека не станува збор за никакво доцнење ,процедурата е започната на почеток на месец март, но со оглед на тоа дека ниедна земја не е поштедена од вирусот, помош бараат и други земји и многу поголеми од нашата.
Тој истакна дека навремено биле известени и побарано помош од ММФ, Светска банка, Европска инвестициона банка, Европска банка за обнова и развој како и приватните банки, од кои се очекуваат околу 400 милиони евра.
За да бидеме поефикасни на краток рок,мораме да бидеме солидарни и товарот да го понесеме заеднички.Работниците да земаат плата,бизнисот да работи, затоа и го предложивме овој пакет, но Владата тоа може да го разработи со подсолидарни пакети и и во делот на компаниите и кај јавната администрација. Првиот чекор е кратењето во непродуктивните трошења, а вториот се кратењата кај јавната администрација. Државата веќе почнува со кратење на непродуктивните трошења, и по тој основ веќе има скратено 7 милијарди денари преку кратење на непродуктивните трошоци, но нам ни се потребно 60 милијарди денари-посочи Заев.