Италија е во голема криза поради коронавирусот и прима помош од многу земји вклучително и авиони со хуманитарна помош, пречекува и доктори од другиот крај на светот, но не се откажува од пружање помош на другите. Оваа земја испрати хуманитарен помош на Хрватска, која е погодена од земјотреси, пишува „Ла Стампа“.
https://www.facebook.com/riccardo.riccardi.1272010/posts/226250065162919?__xts__%5B0%5D=68.ARCPWXQTR_xq1yNxArkNR3k2-hS-AS_hPbrexhhOsVCdFqu0-7XgEs-JF620czWa4zg8IIiV7UtPzpN2xSG_PN1-tMDtD2gP9pRy-zrG9lv2rgrY1OS4vZAaqHpGOdLR96ZUNTHooxRZT4PlFlro0Xp0JamFaM3OrsvEzrcB1lrNbbMUzfkhpB0yvLNLopkd0hRcUN2v-DjH7giHvowKkEWI3CxzrmW3xYDpDssUZPXvsFVagikkx5FdAVxZfH1MqlhvE-zBcTl8sEqUZUHG8qnyU1ycHGVZwtTopNyTBx1pXJYcEGHPBg9NWnK29jcgvGHz_lsXL3J9hJSWKKou_GlR&__tn__=-R
Како што пишува италијанскиот весник, во сред медицински хаос со формирање на теренски болници и постојан надѕор на улиците, италијанските вооружени сили и цивилна заштита, нашле енергија за поддршка на хрватските власти.
Возила, подвижни работилници, шатори и специјализиран персонал, се упатија вчера попладне од Палманова, под координација на коњаничка бригада. Заедно со војниците, италијанската колона која тргна кон Загреб вклучува и припадници на цивилна заштита и пожарникари.
„Целиот персонал е опремен со здравствена заштита, а пред заминување поминале секакви испитувања за да се утврди дека немаат коронавирус“ информира логистиката на војската.