Премиерот на Косово, Аљбин Курти гласањето за недоверба на неговата Влада кое треба да биде во текот на денот вели дека не се должи поради смената на министерот за внатрешни работи, ниту поради повлекувањето на војската на САД, туку поради подготвениот споразум за размена на територии со Србија.
-Тоа е позадината што го иницира гласањето за недоверба на владата на Косово. Оваа претседателска трговија подразбира уривање на Владата. Претседателската трговија со мојата Влада нема да успее. Се обиде да воведе вонредна ситуација, што не ја направи ? Замина во САД да постигне споразум, не го направи Со мене како претседател на Владата нема да се објави вонредна состојба без да се создадат услови за такво нешто. Нема споразум ни во белата, ни во зелената ни во црвената, за размена на територии меѓу Косово и Србија. Затоа сака да се тргне оваа Влада за да му се отвори патот за вонредна ситуација како и остварување на трговијата со размената на територијите, вели Курти, додека Собранието расправа за неговата Влада.
Собранието на Косово ќе гласа за недоверба на Владата на предлог на коалициониот партнер ДСК само нецели два месеци откако е формирана коалицијата и е добиената довербата. На седницата присуствуваат 106 од 120 пратеници. Сите се со маски на лицата и држат потребно растоание еден од друг како предвидуваат правилата за заштита од коронавирусот.