Можноста од Кина низ светот да се прошири нов вирус, во моментите кога целата планета се соочува со последиците од ковид-19, почна да предизвикува паника на друштвените мрежи, пренесува кинеската агенција на англиски јазик, „Global Times“.
Телото на маж кој се струполил и починал во автобус во Кина, во провинцијата Јухан, итно е тестирано на коронавирус, но анализата покажала дека тој бил позитивен на сосема друг вирус. Експертите објасниле дека тој не е поврзан со ковид-19, но оти имаат слични симптоми.
Кинеските медиуми пренесуваат дека засега неидентификуваниот маж е позитивен на „ханта“ вирус и оти останатите 32 патници биле веднаш изолирани и тестирани, но не наведува други детали.
A person from Yunnan Province died while on his way back to Shandong Province for work on a chartered bus on Monday. He was tested positive for #hantavirus. Other 32 people on bus were tested. pic.twitter.com/SXzBpWmHvW
— Global Times (@globaltimesnews) March 24, 2020
Хештегот #хантавирус од понеделникот почнува да се појавува во скоро сите трендинг листи на интернет, но експертите веднаш реагираа со соопштенија во кои се наведува дека не станува збор за никаков нов вирус, туку за одамна позната болест која само во исклучително ретки случаи се пренесува помеѓу луѓето.
„Хантавирусот првпат се појави во педесеттите години на 20. век, за време на американско-корејската војна, во регионот Ханта. На луѓето се пренесува исклучително преку глувци и стаорци и тоа во случај кога човекот во својот организам ќе внесе од телесните течности на заболен глодар. Пренесување од човек на човек е мошне редок случај“, пренесува на твитер шведската докторка на науки, Сумаја Шаик и порача: „Ве молам да не паничите, освен ако не планирате да јадете стаорци!“