Пентагон претпоставува дека кризата со новиот коронавирус во САД дека ќе трае најмалку три месeци, изјавијa синоќа високи армиски и државни официјални лица.
– Мислам дека треба да планираме ова да трае најмалку неколку месеци, и да се преземат сите мерки на претпазливост, изјави синоќа министерот за одбрана на САД, Марк Еспер на виртуелната сесија прашања и одговори од Пентагон.
На истиот настан, претставник на американската армија истакна дека иако се уште не е јасно колку долго ќе трае епидемијата, ако се земат модели како таа се одвиваше во други земји, што може или не може да биде исто во САД, тој смета дека епидемијата може да трае дури до јули.
– Ако биде исто, очекуваме таа да заврши до крајот на мај, јуни, некаде во тие временски рамки, а може да биде и најдоцна до јули, изјави армискиот генерал Марк Мајли, раководител на Здружениот штаб на вооружените сили на САД.
Од друга страна, на редовниот брифинг за коронавирусот синоќа во Белата куќа, претседателот на САД, Доналд Трамп, наведе дека тој сака економијата на земјата да се „отвори” најдоцна до Велигден, иако бројот на заразени од вирусот нагло прогресира. Велигден во САД годинава се слави на 12 април.
До сега во САД со Ковид-19 инфицирани се околу 54.000 Американци, од кои речиси половина се во Њујорк, додека вкупно починати се 706 лица.