Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, влегоа во расправија за време на состанокот за судбината на сезоната 2019/20 во Серија А.
На средбата се разгледуваше и можноста за предвремено прекинување на првенството, пренесува „Тутопорт” .
– Дали сте ги виделе податоците? Епидемијата се повлекува! Ова го знам затоа што комуницирам со експерти кои се во првите редови, а не со докторите на фудбалските клубови, рекол Лотито.
На ова, Ањели одговрил:
– Па, се разбира, сега станавте искусен виролог.
Јувентус и Лацио се двете првополасирани екипи во моментот на прекин на првенството во Италијанското фудбалско првенство.