Русија е подготвена ако е потребно да им помогне на САД во борбата против коронавирусот, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
„Шпекулациите за неуспехот на нашиот дијагностички систем се неприфатливи. Особено што ги коментираат лица кои се претставуваат како експерти во здравството. Нашите тестови се покажаа со висок квалитет во Кина и Иран и сега се пренесени во Италија“ рекол Антонов, пренесе ТАС С.
Рускиот амбасадор истакнал дека пандемијата на коронавирусот претстсвува глобална закана која бара заеднички одговор.