Се урна руски воен школски авион кај Краснодарск, пилотот загина

–  Во пад на руски воен школски авион „Л-39″ во регионот на Краснодарск погина пилотот, соопшти руското Министерство за одбрана.

-Борбениот школски авион се урна денеска во текот на рутиски лет во регионот на Краснодарск, околу 16 часот по московско време, соопшти министерството, пренесе Тасс.

Авионот не бил вооружен, а пилотот, кадет на военото училиште,  не успеал да се катапултира и погинал во несреќата.

Спасувачките екипи се не терен и работат на увидот на местото на падот на авионот.

Треба да знаете
Последни објави