Калчолигашот на 19 февруари на „Сан Сиро“ во Милано ги пречека „лилјаците“ во рамките од осминафиналето на Лигата на шампионите, а според многумина овој натпревар бил „биолошка бомба“ за ширењето на вирусот ковид-19.
„Првиот пациент во Италија беше регистриран на 23 февруари и не знаевме што се случува. Вирусот беше меѓу нас и немавме поим дека 40 000 луѓе од „Сан Сиро“ се заразени. Вирусот се пренесува од личност на личност. Луѓето доаѓаа во групи и имаше физички контакт“, потврди Гари.
Оваа теза прв ја отвори Фабиано ди Марко, директорот на пулмологија во болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо.
Во Италија, според најновите податоци, има 69.176 заразени од овој вирус, а досега починале 6.820. Ломбардија, каде се наоѓа и Бергамо, е најзагрозеното место на планетата.