Тајланд: Околу 60.000 мигранти работници заминуваат од државата поради коронавирусот

Околу 60.000 мигранти кои работат во Тајланд ја напуштија земјата, откако властите ги затворија трговските центри и многу деловни објекти заради епидемијата на коронавирусот.

Границите се затворени, луѓето беа советувани да останат дома и да престанат со повеќето деловни активности за да го спречат ширењето на вирусот.
Премиерот Прајут Чан-оча најверојатно ќе прогласи вонредна состојба в четврток.

Претставник на Министерството за внатрешни работи на Тајланд изјави дека околу 60.000 мигранти од Лаос, Камбоџа и Мјанмар се враќаат дома од вчера.
Во Тајланд, регистрирани се 934 случаи на заразени со вирусот, втор најголем број заразени во Југоисточна Азија.

Треба да знаете
Последни објави