Џенифер Гарнер на прошетка со децата, пауза од карантинот за Ковид-19

Добитничката на „Златен глобус“ Џенифер Гарнер во вторникот се одмори од карантинот за Ковид-19 и отиде на сончева прошетка со својот осумгодишен син Семјуел во близина на населбата во која живее во Лос Анџелес.

Подоцна, на 47-годишната актерка и на Семјуел им се придружи и 11-годишната ќерка Серафина, облечена во омбре џемпер и тесни сини фармерки.

На семејната прошетка не беше присутна Вајолет, најстарата, 14-годишна ќерка на Џенифер, од нејзиниот втор брак со актерот Бен Афлек, кој формално заврши во октомври 2018 година.

„Мислам дека имам совршени деца на возраст за оваа глобална пандемиска криза. Бидејќи тие се доволно големи за да сфатат и да разговараат за тоа дека ние сме изградени за предизвик, ние можеме да го прифатиме предизвикот, ние сме супер екипа,“  изјави Гарнер неодамна во ТВ-емисијата The Tonight Show At Home Edition

 

 

Треба да знаете
Последни објави