Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја посети болницата во Комунарки, предградие на Москва, во која е сместен најголем број заболени со коронавирусот.
Тој облечен во заштитно одело прошета во неколку одделенија, разговараше со еден од пациентите и ја надгледуваше работата на персоналот. Исто така разговараше и со главниот доктор на болницата.
https://twitter.com/i/status/1242512587943600128
За време на неговата посета, портпаролот Дмитриј Песков и` го дал телефонот на една медицинска сестра за да го снима претседателот Путин. Потоа, побарал од сестрата да го уништи уредот, пренесува „Спутник“.
„Снимајте, немојте да се срамите“ рекол Песков и и` рекол да му ја испрати снимката.
Тој објаснил дека во телефонот имало само еден контакт.
„Телефонот оставете го кај себе и потоа уништете го“ рекол портпаролот на Кремељ.
Како што се наведува, таквите мерки се преземени за да не се дезинфицира телефонот.