Хрватска која покрај пандемијата со коронавирусот се соочува и со последиците од серијата земјотреси кои ја зафатија од неделата во Загреб, се бори на два фроната за да ја стабилизира ситуацијата и да ги заштити граѓаните.
Во Хрватска има 36 новозаразени лица од коронавирусот со што бројката се искачи на 418. Десетина луѓе се наоѓаат на респираторни машини. Околу 20.000 луѓе во Хрватска се наоѓаат во самоизолација. Претсавник на вооружените сили на Хрватска потврди дека тројца војнци од контингентот кој се наоѓа во Литванија биле позитивни на тестовите, но се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Од сите тестирани 12 одсто биле позитивни на коронавирусот. Просечната старост на пациентите е 49,27 години, а просекот на лицата кои се ставени на респираторните машини е 61 година.
https://www.facebook.com/24sata/videos/971485726582881/?t=385