Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев за „Утрински Брифинг“
„Профитерот Заев наместо да шири лажни вести, да засука ракавите и да почне да работи затоа што здравствениот систем крахира.
12% од заболените со корона се доктори и здравствен персонал, што говори дека здравствениот систем кој треба да го штити народот, не е доволно заштитен. А не е заштитен затоа што Заев и Спасовски ги оставија лекарите голораки да се борат против короната, додека Филипче е посветен на тендери, а Заев како да си го дуплира богатството на империјата Заев.
Дволичноста на СДСМ уште еднаш излезе на виделина.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната одлука на советот на министри на ЕУ и се надева на што поскоро добивање на датум за прва меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.
Граѓаните знаат дека Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија. Доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди и време кога ќе заврши ова криминално лудило од СДСМ.
Не е мерка таа на Заев со која функционерите и работниците ги израмнува на ниско ниво по платите, а не по привилегиите. Во исто време кога Заев вели дека треба да се кратат плати, неговата влада троши за 4 дена 8 милиони денари за ручеци и патувања.
Заев треба да има една цел, а тоа е како да им помогне на граѓаните, затоа што секој живот вреди.„