Работниците во воени униформи вчера подигнаа импровизирана мртовечница пред болницата „Белви“ на Менхетен за да се справат со потенцијалниот бран жртви на коронавирусот, објави „Њујорк пост“.
Две приколки ладилници беа довлечени до местото заедно со специјален караван со ознака „МОБИЛЕН КОМАНДЕН ЦЕНТАР – ПАТОЛОГ“.
Тим луѓе со маскирни униформи и маски за лице поставија серија бели шатори кои формираат тунел до поголем, бел шатор.
Извор запознаен со операцијата изјавил дека на локацијата ќе бидат донесени дополнителни ладилници и дека слични поставки ќе бидат подигнати и пред другите болници.
Гувернерот Ендрју Куомо во вторникот рече дека бројот на починати од короноавирус во Њујорк достигнал 210.