Италијански епидемиолог: Ако не се воведоа строгите мерки, коронавирусот ќе ги косеше луѓето како шпанска треска

Италијанскиот епидемиолог и професор по хигиена на Универзитетот во Пиза, Пјерлуиџи Лопалко, процени дека без воведување драстични мерки, билансот ќе беше како во времето на шпанската треска.

„Два, три дена откако ќе видиме дека (новозаболени) кривата е во постојан пад, можеме да кажеме дека тоа беше врв (на епидемијата во Италија) – рече тој во интервју за италијанскиот весник „Република“, истакнувајќи дека сегашните предвидувања се налик на „временска прогноза“.

„Вирусот (Ковид-19) предизвикува тешко воспаление на белите гради и може да биде смртоносен за чувствителните луѓе. (…) Мораме да се грижиме за себе затоа што, да бидеме јасни, ова е „шпанска треска“ 2020 година. Ковид-19 е доста сличен на заразата од која се разболеле 500 милиони луѓе меѓу 1918 и 1920 година, а починале помеѓу 50 и 100 милиони луѓе. Така би било и денес ако немавме одделенија за интензивна нега и не преземавме драстични мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата“, рече епидемиологот.

Треба да знаете
Последни објави