– Новиот договор на дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Килини е само прашање на формалности, велат од „Газета дело Спорт”.
Клубот, исто така, е во преговори со Џанлуиџи Буфон и Леонардо Бонучи.
Договорите на Буфон и Киелини истекуваат ова лето, а изданието веќе објави дека голманот се согласил да остане во тимот најмалку уште една сезона. Сега и за дефанзивецот доаѓаат исти информации.
Тој скина лигаменти на почетокот на сезоната, откако се врати во игра непосредно пред паузата во првенството поради пандемијата од коронавирус.