Интегрален текст од видео обраќање на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
„Состојбата со корона вирусот удри врз здравјето, но и врз стандардот на државата и на граѓаните.
На македонската економија, на стопанството му е потребна финансиска поддршка и вистински чекори. Само така ќе опстојат домашните компании, само така македонските работници ќе ги задржат своите работни места, само така ќе се заштити стандардот на граѓаните.
Во отсуство на вистински план и вистински мерки на државата, загрижува опасноста од колапс на македонските компании, но и на стотици нови отпуштени работници.
Сега е потребно македонските пари да ги инвестираме, да ги вратиме на македонската економија.
Потребно е да се задржи потрошувачката на македонските производи, бидејќи само така ќе ги одржи македонските компании, а тие ќе ги задржат македонските работници.
Да ги помогнеме македонските компании, да ги спасиме работните места.
Едноставно е, купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија.