Пирс Броснан и неговата сопруга Кели Шеј Смит го напуштија Њујорк и заминаа на Хаваите, каде што планираат да поминат неколку недели подалеку од метежот и можноста од зараза со коронавирусот.
Времето во изолација холивудскиот заводник го поминува во куќа покрај океанот, каде што го снимија тамошните фоторепортери додека престојуваше на плажа.
И двајцата облечени во костими за капење, Броснан и Смит изгледаа многу опуштено и смирено и се чинеше како да им годи осамениот одмор.
Броснан и Смит се во брак 17 години и се родители на синовите Дилан и Париз.