Стејт департментот соопшти дека повеќе од 9.000 Американци се вратиле во САД, кои биле „заглавени” во 28 држави, откако границите ширум светот се затворија, а е намален и бројот на меѓународните летови поради пандемијата со Ковид-19.
Околу 13.500 Американци побарале помош од Стејт департментот за да се вратат дома.
Портпаролката Морган Ортагус изјави дека Стејт департментот „никогаш не презел операција за евакуација од такви географски ширини, обем и сложеност”.