Рускиот претседател Владимир Путин нареди воени вежби за зголемување на подготвеноста за борба против коронавирусот. Тоа го соопшти денеска Министерството за одбрана, додека во Москва повеќето продавници се затворени и забранети се јавни настани.
Министерството за одбрана соопшти дека вежбите, што ќе се одржат од 25 до 28 март, ќе вклучуваат специјални медицински единици и единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита.
Вкупниот број заразени во Русија се искачи на 658.