Русија кон Италија го испрати 15. авион со помош

Руските воздушни сили кон Италија го испратиле 15. авион со помош, во кој има војници и опрема што треба да и помогнат на земјата во борбата против коронарнавирусот, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во тек се подготовките за испраќање воена помош во Бергамо, каде руските вирусолози и епидемиолози треба да започнат мисија во Италија, пренесува агенцијата „Тасс“.

„Петнаесеттиот авион Ил-76 на руската армија полета од пистата ‘Чкаловски’ со цел да испорача опрема за борба против вирусот на италијанските воздушни сили во базата Пратика ди Маре на 30 километри од Рим“, изјави претставник на Министерството.

Минатата сабота рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте телефонски договорија помош за Италија, а од 22-23 март осум мобилни бригади пристигнаа во Италија со 14 авиони.

Треба да знаете
Последни објави