Северна Кореја: Коронавирусот се пренесува и преку окото

Северна Кореја апелираше денеска на своите граѓани да не посетуваат фреквентните области, нагласувајќи дека Ковид-19 може да се пренесе и преку инфекција на окото.

Весникот „Родонг Синмун” објави, повикувајќи се на студија направена во странство, дека мерките за социјално дистанцирање се неопходни, бидејќи новиот коронавирус е позаразен отколку сите претходни.

– Постои опасност од пренесување на инфекцијата и преку окото. Респираторниот систем не е единствен начин на кој се пренесува вирусот, пишува весникот, воедно советувајќи ги лекарите да носат очила при преглед на пациентите.

„Родонг Синмун” наведува дека е потребно да се држи растојание меѓу луѓето и да се избегнуваат гужви.

Друг севернокорејски весник, „Уриминзокири”, објави дека сите копнени, воздушни и водени граници се затворени и воведени се стриктни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави