Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека САД ќе се ослободат од коронавирусот до Велигден, иако гувернерот на Њујорк предупреди дека болеста се шири побрзо од „куршум“, а Светската здравствена организација предупреди дека САД може да станат новиот епицентар на пандемијата.
Американскиот претседател на брифингот во Белата куќа рече дека „отворањето“ на САД на почетокот од следниот месец ќе биде „убав временски период“.
Неговиот оптимистички тон дојде откога Светската здравствена организација предупреди дека САД може да станат глобален епицентар на пандемијата.
Покрај тоа, Доналд Трамп престана да го нарекува коронавирусот „кинески вирус“, поради негативните коментари во јавноста во и надвор од САД.
Во САД се регистрирани речиси 55.000 случаи на инфекција со коронавирус и речиси 800 смртни случаи.