Уапсени двајца кичевски дилери на кокаин и марихуана

Коакаин, мариуана и кушршуми вчера беа пронајдени во домовите на двајца кичевци. Двацата се приведени и заработија кривична пријава.

Како што информира портпаролот на СВР-охрид Стефан Димоски, вчера по претходна негова согласност, полициски службеници од ОВР Кичево, извршиле претрес во домот на И.З.(58) од Кичево, при што биле пронајдеби и одземени 43 куршуми од засега непознат калибар и 355 семки од марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Вчера, при извршена контрола на ул.„11 Септември” во Кичево, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. Во врска со овој настан, приведен и лишен од слобода е А.К.24- годишен од Кичево, соопшти Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави